Агенција за млади и спорт започна со изградба на затворен пливачки базен во Ѓорче Петров

Дарко Каевски, директорот на Агенција за млади и спорт во присуство на Александар Наумоски градоначалникот на Oпштината Ѓорче Петров, го означи почетокот на изградба на затворен пливачки базен во општината како дел од проектот Изградба на 14 пливачки базени”.

Проектот предвидува изградба на затворени базени во 14 општини, што воедно е и еден од најголемите капитални проекти на АМС во делот на спортската инфраструктура.

-Овој проект значи можност за рекреација, создавање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт- изјави Каевски

Затворениот пливачки базен чини 38 милиони денари.

Треба да знаете
Последни објави