Search

Сергеј Трифуновиќ пак дивее по улиците: Со „Ауди Q2“ се заби во „фиат“

Познтиот српски актер Сергеј Трифуновиќ, моментално политички ангажиран како лидер на движењето „Слободни граѓани, синоќа предизвикал сообераќајна несреќа на новосадскиот автопат, дознаваат „Новости“.

Според информациите на весникот, додека се движел кон Нови Сад со својот автомобил „Ауди Q2“, Трифуновиќ се забил во автомобил „фиат“ што возел пред него.

Интервенирала екипа за итни случаи, а возачот на „фиатот“ е пренесен во болницата во Земун за дијагностицирање на повредите и понатамошно лекување.

Ова не е првпат Трифуновиќ да направи сообраќајка. Пред само 20 дена, тој со „рено меган“ се заби во градски автобус во Нов Белград под дејство на кокаин, а потоа избега од местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави