Search

Реал постави клупски рекорд, Бензема стана најдобар асистент во историјата на „кралевите“

Тимот на Реал Мадрид денеска ја совлада Осасуна на гостински терен со 4:1 во дуелот од 23. коло од шпанската Ла лига. Одбраната на „кралскиот клуб” на противникот му дозволи да постигне еден гол, но и тоа беше доволно за нов клупски рекорд. Реал Мадрид по 23 кола има примено само 14 голови, најмалку во клупската историја во овој сегмент од првенството.

Стрелци за Реал беа Иско, Рамос, Васкез и Јовиќ.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема оствари  асистенција во денешниот натпреварот од 23-то коло од Ла Лига со „Осасуна” (4: 1). За Французинот ова беше 132. гол-додавање со што стана најдобриот асистент во историјата на клубот.

На 22 натпревари во Ла Лига оваа сезона, Бензема постигна 19 (13 голови + шест додавања) поени.

Пред комплетирање на колото, Реал е прв на табелата со 52 бода, шест повеќе од второ пласираната Барселона.

Треба да знаете
Последни објави