Search

Лацио ја продолжи серијата без пораз во Серија А и се искачи на второто место

Лацио ја совлада Парма со 1:0 во вечерашниот дуел од 23-то коло во италијанското фудбалско првенство. Римјаните ја продолжија серијата без пораз која трае 18 натпревари – 14 победи и 4 реми. Ова е нов клупски рекорд.

Последниот пат екипата на Симоне Инзаги загуби во Серија А во септември 2019 година вод Интер со 1:0.

Лацио во моментов е втор на табелата со 53 бода, само еден помалку од лидерот Јувентус, но и еден натпревар повеќе од третопласираниот Интер.

Треба да знаете
Последни објави