Search

Каевски: За младите во нашата држава Европа и европските вредности се единствениот избор

Како дел од регионалната конференција „Еден Балкан кон ЕУ”, на панел дискусијата
посветена на младите луѓе, свое обраќање имаше Претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија, Дарко Каевски.

Тој во своето излагање се осврна на неколку клучни поенти кои се од огромно значење за младите луѓе во Северна Македонија, но и генерално на младите од цел Балкан, за нивната улога на патот кон евроинтеграциите.

Тој потврди дека за младите луѓе од Северна Македонија единствениот избор е Европа:
„Сите анализи велат дека најголемиот дел на граѓани се за ЕУ, а најголемиот дел од нив се млади, убедени дека ова е единствениот пат. Младите луѓе од нашата држава се проевропски ориентирани. За нас идејата за Европа се заснова на заеднички вредности и заеднички начин на живот. Преку дискусии како денешнава работиме на подигање на свеста за глобалните проблеми,разменуваме мислења со креаторите на политики и креираме решенија кои се од интерес за сите млади”.

Каевски истакна дека Социјалдемократската младина дели европски вредности, постојано ја промовира европската култура и ги следи европските политики.

– Како СДММ го потенцираме европското прашање и вредности и европските практики од развиените држави ги спроведуваме. Само ако се залагаме и бориме за одржување на овие европски вредности и ги имплементираме во нашите политики и делувања, само така ќе обезбедиме стабилност и ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочува Европа.

Дополнително, во своето излагање Каевски ги наведе мерките кои Владата
предводена од СДСМ ги спроведува за млади, според европските практики.
„Нашата држава е единствената земја во регионот, која не е членка на
Европската Унија, а во 2018 година започна со воведување на „Гаранција за млади”, како мерка која се покажа искучително успешна за зголемување на вработливоста на младите луѓе.

Преку понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство, целта е младите успешно да се интегрираат на пазарот на труд и да се намали одливот на млад образован кадар од земјата”.

– Дополнително за првпат во нашата држава во јануари годинава се донесе Закон за младинско учество и младински политики, со кој се креираат и обезбедуваат механизми за младите да влијаат во донесувањето одлуки и се гарантира нивното учество во креирањето политики, додаде тој.

Каевски истакна дека Владата ги мотивира младите од Северна Македонија да бидат мобилни, да ги искористат своите потенцијали, да волонтираат, студираат или се надоградууваат во некоја од европските држави, а потоа наученото знаење и стекнатото искуство да го применат и да го инвестираат тука во својата држава.

Според него со влезот во Европска Унија голем од состојбите за младите луѓе ќе останат исти, затоа што ние веќе спроведуваме европски пратики, но едно со сигурност ќе се промени, а тоа е трендот со иселување на младите.

– Со влезот во ЕУ ќе се намали иселувањето на младите, бидејќи Европа ќе ја донесеме дома. Заедно со нашите врсници од Западен Балкан, ќе бидеме предводници на патот кон ЕУ и ќе ја креираме идната полтика на регионот.

Треба да знаете
Последни објави