Бошковиќ: Нема да толерираме ексалација на протестите и судирите во Црна Гора

Црногорскиот министер за одбрана Петар Бошковиќ изјави дека сите случувања во врска со Законот за слобода на вероисповед прераснале во политички пресметка со државата и нејзиното суверено право да ги уредува внатрешните прашања.

Во интервјуто за „Побједа’ тој потенцираше дека Владата е одлучна да не толерира ескалација на протестите и какви било судири.

Бошковиќ рече дека безбедносната состојба во Црна Гора е стабилна, надлежните ресори секојдневно ги следат настаните и ќе сторат сé за секој граѓанин, без оглед на верска, национална или политичка припадност, да се чувствува безбеден и да ги извршува своите дневни активности непречено.

– Според тоа, сегашната состојба во земјата не бара ангажман на припадници на црногорската армија, која ги спроведува своите редовни мирнодопски активности, рече Бошковиќ во интервјуто за „Побједа”.

Треба да знаете
Последни објави