Search

„Боинг“ ја оштети пистата при слетување во Русија, нема повредени патници

Патнички авион „Боинг 737-500“ на компанијата „Јутер“ слета на аеродромот Усинск во руската република Коми без опрема за слетување, но благодарение на искуството на пилотот никој од 94. патници и членови екипажот не е повреден.

При слетувањето, ветрот неочекувано ја сменил насоката и се појавиле проблеми со опремата за слетување, но пилотот успеал да го спушти леталото, кое удрило со задниот дел на трупот во пистата, изјави портпаролот на Регионалната служба за вонредни состојби, пренесува Спутник.

Патниците и екипажот биле успешно евакуирани по слетувањето. Аеродромот е привремено затворен додека не се санираат оштетувањата на пистата, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави