Search

Халанд прв пат не даде гол за Дортмунд, кој прв пат сезонава загуби два натпревари во низа

Во последниот саботен натпревар од 21. бундеслигашко коло, Борусија Дортмунд вечерва загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен со 4:3. За „милионерите” ова е прв пат оваа сезона да „врзат” два пораза.

Претходно, Борусија загуби од Вердер Бремен (3:4) во Купот на Германија.

Воедно, ова е прв натпревар откако е во нивните редови, да не се запише во листата на стрелците Ерлинг Халанд. Норвешкиот фудбалер претходно постигна осум голови на четири средби

Борусија Дортмунд е трета на табелата во Бундеслигата со 39 бода, Баер Леверкузен е петти со два бода помалку.

Претходно денеска Шалке не успеа да го совлада последно пласираниот Падерборн, Вередер го запиша 12-от пораз и се најде на претпоследното место на табелата.

Фрајбург – Хофенхајм 1:0
Херта – Мајнц 1:3
Шалке – Падерборн 1:1
Вердер Бремен – Унион Берлин 0:2
Волфзбург – Фортуна Дизелдорф 1:1.

Табела: Баерн Минхен 42 бода, Лајпциг 41, Борусија Дортмунд 39, Борусија Менхенгладбах 39, Шалке 35 (натпревар повеќе), Баер Леверкузен 34,… з

Треба да знаете
Последни објави