Јанакиевски си викнал сам инспекција откако го исчистил просторот и ги дезинфицирал машините?

Третирањето на медицинскиот отпад на „Еко клуб“, фирмата на Сашо Јанакиевски кој е тесно поврзан со опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја отвори дилемата кој и зошто манипулира со јавноста за тоа чија е вината за неодговорното однесување кон здравјето на луѓето и кон животна средина. Случајот беше пријавен од Град Скопје, а откако градоначалникот Петре Шилегов ги објави видеото и фотографиите за тоа што се случува со медицинскиот отпад, односно дека фирмата на Јанакиевски не го обработува медицинскиот отпад.

Случајот со несоодветното третирање на отпадот е откриен касно вечерта на 10-ти декември. Два дена потоа инспекторатот излегува на терен за да направи записник дека се во ред со обработката на медицинскиот отпад. Потоа, кога во Град Скопје во вторникот, инспекторот- пријавувач објави фотографии и видео, инспекторите од министерството излегле уште еднаш на терен, повторно без да откријат ништо. Како што дознава „Локално“ утредента, на 11-ти декември, Јанакиевски го исчистил просторот, ги дезинфицирал машините, и затоа на 12-ти декември, инспекторите не ни можеле нешто да откријат, па останува отворено прашањето како на 12-ти декември се погодил инспекцискиот надзор.

Неофицијални информации до кои дошло „Локално“, откриваат дека самиот Јанакиевски ги повикал инспекторите, откако го средил просторот, со цел да обезбеди записник кој потоа ќе го користи како доказ против доказите на градскиот инспектор Мирослав Богдановски, кој го пријави случајот.

Целиот текст кој го објави „Локално“ може да се прочита тука.

Треба да знаете
Последни објави