Шест словенечки државјани меѓу патниците на закотвениот крузер во Јапонија

Од Министерството за надворешни работи на Словенија инфомираат дека меѓу патниците на крузерот, кој поради коронавирусот е закотвен во Јапонија, има и шест словенечки државјани.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, според последните информации овие словенечки граѓани не се во групата од 61 кои се заразени со коронавирусот. Тие се ноаѓаат во своите кабини, а во карантин ќе останат сè додека не добијат дозвола да го напуштат бродот.

Словенечките власти веќе прават планови како најбзо и наједноставно да ги вратат своите граѓани дома. 

Треба да знаете
Последни објави