Search

СДСМ: Факти ја потврдуваат поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со скандалот во Еко клуб, додека се загрозувало здравјето на луѓето, Мицкоски и Груевски си гледале лични интереси

 
Ништо не може да го испере срамот и неодговорноста на ВМРО ДПМНЕ за медицинскиот отпад во „Еко клуб”. Сите факти и потврдени информации во врска со медицинскиот отпад на „Еко клуб” ја докажуваат поврзаноста на ВМРО ДПМНЕ со скандалот, се вели во соопштението од СДСМ како реакција на изјавата на Димче Арсовски од опозициската партија.
Факт број 1 – Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е приврзаник на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска на една од прислушуваните аудио снимки објавени во јавноста. Тоа го користи ВМРО ДПМНЕ и два месеца ја попречува постапката.
Факт број 2 – Поврзаноста на ВМРО ДПМНЕ со медицинскиот отпад е потврдена преку директорската позиција во депонијата Дрисла. Горан Ангелов беше директор до пред три недели и тој му овозможувал на Сашо Јанакиевски таму да го депонира отпадот, иако не бил целосно уништен, како што налагаат законските прописи.
Факт број 3 – Сашо Јанакиевски најмалку преку две функции ја докажува поврзаноста со режимското владеење на Никола Груевски. Во годините кога Груевски е премиер, Јанакиевски со одлука на Владата е поставен за конзул на Виктор Орбан во Битола. И второ, Јанакиевски е поставен и за директор на унгарската стопанска комора раководена од Орбан. Орбан е со политички азил го спаси од издржување на затворска казна Никола Груевски.
Одговорност за овој огромен скандал директно поврзан со ВМРО-ДПМНЕ мора да има.
Или јавната обвинителка ќе прекине да ги штити луѓето на ВМРО-ДПМНЕ или Советот на јавни обвинители ќе мора да ја разреши.
Треба да знаете
Последни објави