Search

Научници ја повикаа Владата во Лондон да ги затвори границите за кинески посетители

Водечки научници од Велика Британија препорачаа Владата да воведе апсолутна забрана за посетители кои доаѓаат од Кина, каде што се наоѓа „епицентарот” на новиот коронавирус.

Според научниците, мерката мора да остане во сила се додека не се открие вакцина за смртоносниот вирус, од кој официјално досега живот загубија 638 лица.

Според нивната теза, таквите ограничувања ќе овозможат доволно време виролозите да најдат лек што може да спречи локално да се шири вирусот.

Според научниците, владата досега не се заинтересирала сериозно случајот коронавирус, бидејќи вчера препорача посетителите од девет азиски земји кои се чувствуваат болни или болни едноставно „да останат дома”.

Соопштението е објавено откако бизнисмен кој се вратил од Сингапур имал симптоми на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави