Search

Морган стана нов натурализиран словенечки кошаркар

Ново американско засилување за кошаркарската репрезентација на Словенија. За претстојниот квалификациски турнир ќе може да сметаат на Џордан Морган кој доби словенечки пасош што само по себе е дозвола за настап во националиот тим како натурализиран играч.

Моментно настапува за екипата на Каршијака во турскиот шампионат, но Словенија не е непозната за него.

„Дел од мојата кариера минав овде. Екстремно сум среќен и горд што доби словенечки пасош и ќе може да играм за репрезентацијата”, рече Морган.

Пред Словенија се квалифиакции за Европското првенство во 2021 година по што ќе следува и квалификациски турнир за Игрите во Токио.

„Сакав да ја проширам кариерата на највисоко можно репрезенативно ниво и да се натпреварувам со Словенија која е актуелен европски првак. Со нетрпение го чекам моето деби”, додаде Американецот кој во тимот на „змајчеки” ќе игра со сонародникот Ентони Рендолф.

Треба да знаете
Последни објави