Search

Балотели: Ми се допаѓа Лукаку, тие што велат дека е бавен не знаат ништо

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели, ги коментираше познатите напаѓачи во Серија „А”, откако посочи на кој најмногу му се восхитува.

-Ми се допаѓа Ромелу Лукаку. Луѓето кои велат дека тој е бавен, не разбираат ништо. Ме импресионира и Лаутаро Мартинез. Друг многу силен играч е Гонзало Игуаин, но ако треба да изберам само еден, тоа е Пауло Дибала. Јас сум негов фан, тој е неверојатен фудбалер, изјави Балотели за „Кориере дело Спорт”.

Треба да знаете
Последни објави