Невработеноста во Грција во ноември минатата година намалена за 2,1 отсто

Во ноември мината година, невработеноста во Грција се намалила за 2,1 отсто, во споредба со истиот период во 2108, односно од 18,6 проценти на 16,5 отсто, според податоците кои денеска ги објави грчката статистичка служба, јави дописничката на МИА од Атина.

За конкретниот период, особено висок е бројот на невработени лица на возраст до 24 години. Во ноември 2019 регистрирани биле 36,1 процент, но за 3,6 отсто помалку од истиот период во 2018 година.

Министерот за труд на Грција, Јанис Вруцис, коментирајќи ги податоците, рече дека нивните напори носат плод.

– Мораме новите податоци да ги читаме реално, претпазливо и смирено, но и со оптимизам. Податоците од Статистичката служба покажуваат постојан пад на невработеноста од јули 2019 година, покажувајќи дека нашите напори даваат плод, рече Вруцис и додаде дека Владата продолжува со уште поголема сила „за натамошно намалување на невработеноста, зајакнување на вработеноста и поддршка на новиот курс за раст на грчката економија.

Треба да знаете
Последни објави