И Бугарија зафатена од силни ветрови и интензивни врнежи од снег

Во Бугарија во изминатите 24 часа има силни ветрови и интензивни врнежи од снег, поради што ситацијата на патиштата е исклучително тешка. Во изминатата ноќ снегот го расчистувале 1.233 специјални возила.

Најтешка е состојбата во областа Разград и Ловеч, објавија властите. Ограничено е движењето на камиони по главните магистрали.

Од Дирекцијата за патишта ги повикаа граѓаните на Бугарија да не патуваат денеска освен ако не мораат. Предупредувањето е посебно за Родопите и патиштата во источниот дел од државата.

Десетици возови се движат со задоцнување додека други 10 се блокирани. Најкритична е ситуацијата на правецот Софија-Варна преку Горна Ораховица и во реонот на Мездра. На 11 железнички станици нема струја поради прекин на струја предизвикан од урнати далноводи низ државата.

Треба да знаете
Последни објави