Русија е за взаемно прифатливо решение за косовскиот проблем

Русија прави многу со цел ситуацијата на Балканот да биде стабилна, а Москва се залага за взаемно прифатливо решение меѓу Белград и Приштина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Русија прави многу со цел ситуацијата на Балканот да остане стабилна и безбедна. Се залагаме за тоа Белград и Приштина да постигнат одржливо и взаемно прифатливо решение за косовскиот проблем врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, им рече Путин на амбасадорите на церемонијата на церемонија на врачување акредитиви во Кремљ, на која присуствуваше и српскиот амбасадор Мирослав Лазански.

Русија и Србија ги поврзува стратешко партнерство засновано на традицијата на пријателство, како и на културна, духовна и историската блискост на нашите братски народи, рече Путин.

Тој потсети дека минатата година имал голем број суштински разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кога биле постигнати голем број значајни договори во врска со соработката меѓу двете држави во областа на економијата, трговијата, енергетиката, културата и соработката за регионалните прашања.

Треба да знаете
Последни објави