Курти: Не сме тука да ги компензираме апетитите, туку да ги лекуваме раните

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека не може да има договор со Србија доколку нејзиниот пристап е дека мора нешто да добие. Коментирајќи ја пораката на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија исто така мора да добие нешто на Косово, Курти рече дека тоа не може да биде почетна точка за решавање на проблемите.

„Ние не сме тука да ги компензираме апетитите, туку да ги лекуваме раните. Со овој пристап не гледам дека можеме да најдеме решение, но заедно со западните земји можеме да создадеме контекст во кој може да се најде решение”, рече Курти за РТК.

Тој додаде дека „Србија признала дека никогаш во основа не го имала Косово и дека го изгубила за време на режимот на Милошевиќ“.

Треба да знаете
Последни објави