Курти и Османи првите официјални посети ќе ги имаат во Албанија

 Амбасадорот на Република Албанија во Косово Ќемал Минџози вчера и денеска беше примен од новиот премиер Албин Курти и новата претседателка на Собранието Вјоса Османи, по што двајцата косовски државни челници најавија дека токму Албанија ќе биде првата земја која официјално ќе ја посетат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи по денешната средба со Минџози изјави дека амбасадорот ѝ ги пренел срдечните поздрави и честитки од албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и собранискиот спикер Грамоз Ручи.

– Разговаравме за можности за заедничко напредување на двете земји во сите области, посебно во економскиот развој и надворешната политика, што е исто така мошне значајно за нас, изјави Османи.

Премиерот Курти на вчерашната средба со албанскиот амбасадор исто така се заложи за јакнење на сестраната соработка меѓу двете земји.

Треба да знаете
Последни објави