Eкипите на терен- се очекува посилен ветер и снег попладне

Комуналните служби на Општина Карпош утринава продолжија со активностите за расчистување на јавните површини од вчерашното невреме во Скопје. Како резултат на силниот ветер, се отстрануваа скршени гранки и паднати дрвја во повеќе населби. На  терен работат сите хигиеничари, како и расположливата механизација. Општина Карпош контактираше и со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) при што, и во попладневните часови денеска се очекува посилен ветер проследен со врнежи од снег.

Упатуваме апел до сите граѓани, да не ги паркираат своите возила под големи крошни од дрвја, како и да избегнуваат присуство на отворено. Екипите на Општина Карпош се подготвени за делување, со цел спречување на штети од временските неприлики.

Треба да знаете
Последни објави