Истражување во Црна Гора: 62 отсто од граѓаните се против Законот за слобода на вероисповеста

Законот за слобода на вероисповеста, чие усвојување кон крајот на декември миатата година предизвика голема бура од незадоволство во Црна Гора, но и во регионот, го поддржуваат само 20 отсто од црногорските граѓани, додека 62 отсто не го поддржуваат овој закон, пренесува „Вечерње новости“.

Кога станува збор за верската определба на црногорските граѓани, 62 отсто се изјануваат како верници на Српската православна црква, а 10,1 отсто одат во Црногорската православна црква.

Ова се резултати од истражувањето што го спровела црногорската агенција Intelligent comunications агенција на примерок од 1.022 грашани од 11 црногорски градови.

„Истражувањето е спроведено во интервал од 8 до 15 јануари и опфати 1.022 испитаници. Уверени сме дека два важни параметри ја определија одлуката на граѓаните на Црна Гора кои беа опфатени со истраживањето. Првиот е секако Законот за слобода на вероисповеста кој предизвика не само тензии во општеството, туку ја поларизираше и политичката сцена во Црна Гора, но и во регионот, а вториот е фактот дека официјално влеговме во изборна година“, вели Бошко Ковачевиќ, извршен директор на агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави