Search

Во лавините во Турција загинаа најмалку 38 лица

Во двете лавини во источниот дел на Турција загинаа најмалку 38 луѓе. Поголемиот дел од нив настрадаа во денешната лавина, спасувајќи ги жртвите од вчерашната лавина, јави Анадолија.

Турската управа за помош при катастрофи (АФАД) соопшти дека 33 лица загинале додека се обидувале да ги спасат жртвите од вчерашната лавина, во која животот го изгубија пет лица. Со тоа, смртниот биланс од двете лавини се зголеми на 38 лица.

Околу 300 припадници на итната служба се повикани да интервенираат во близина на градот Бачесехир, кој е опкружен со планини, а се наоѓа во провинцијата Ван – во близина на границата со Иран. Денеска, околу пладне, втора лавина падна врз спасувачите, а властите соопштија дека од снегот на стрмната падина биле извлечени безживотните тела на најмалку 33 спасувачи.

Се стравува дека по денешниот инцидент под снегот се затрупани околу 50 луѓе.

Потрагата и спасувачката операција продолжува, па бројот на загинати и повредени би можел да се зголеми, јави Анадолија.

Треба да знаете
Последни објави