Search

Бројот на настрадани во инцидентот при слетување на авион во Истанбул се искачи на 139 лица

Најмалку 139 луѓе се повредени во несреќата при слетувањето во средата вечерта на авионот од типот „Boeing 737-800“ на турската воздухопловна компанија „Pegasus Airlines“, изјави во средата вечерта гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја.

Според податоците од здравствената управа на провинцијата Истанбул, 139 лица се хоспитализирани како резултат на инцидентот на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’“, изјавил Јерликаја, пренесува агенцијата Anadolu. Од кабинетот на истанбулскиот гувернер прецизираат дека во авионот се наоѓале 177 патници, меѓу кои две бебиња, како и шест членови на екипажот. Сите повредени се згрижени во 18 болници во Истанбул.

Авионотoт од типот „Boeing 737-800“ на турската воздухопловна компанија „Pegasus Airlines“ полетал од Измир за Истанбул а околу 19,40 часот по локално време при слетувањето се излизгал од пистата, при што се распаднал на три дела, а надворешниот дел се запалил, покажуваат кадрите емитувани на турските телевизии.

„Според првичните податоци, причина за несреќата се лошите временски услови. Авионот удрил во пистата од височина од 30 метри“, рече Јерликаја во програмата на телевизијата NTV.

Сличен инцидент се случи на истиот аеродром на 7-ми јануари со „Boeing 737“ на компанијата „Pegasus“, кога авионот долетал во Истанбул од градот Шарџа во Обединетите Арапски Емирати. Како што тогаш соопшти истанбулскиот гувернер, сите 164 патници кои во втреме на несреќата биле во авионот биле безбедно евакуирани и немало повредени.

Треба да знаете
Последни објави