Албанија го поздрави објавувањето на новата методологија за процесот на пристапување во ЕУ

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, преку статус на Фејсбук, го поздрави објавувањето на новата методологија за процесот на пристапување во ЕУ, додавајќи дека Албанија е подготвена.

„Ја поздравуваме новата методологија подготвена од Европската унија за продолжување на процесот на проширување со Западен Балкан. Албанија е подготвена да продолжи со суштинските реформи и темелна трансформација во согласност со принципите на новата методологија и со нетрпение очекува отворање на разговорите за пристап во текот на 2020 година”, напиша Цакај.

Според него, процесот на проширување на Европската унија јасно бара повеќе кредибилтет, предвидливост, поголема политичка поддршка и подинамичен развој.

„Новата платформа на Европската комисија е исто така долгорочна геостратешка инвестиција во стабилноста, развојот и демократизацијата на Западен Балкан во целина, заклучува Цакај.

Инаку, ЕУ денеска ја објави новата методологија за преговори, која треба да биде усвоена од европските лидери на првиот состанок на Европскиот совет годинава кој ќе се одржи на 26 март.

Треба да знаете
Последни објави