Холивудски активисти бараат разноликост со хаштагот # OscarsSoWhite

Април Рејн се сеќава точно каде била во јануари 2015 година кога ја започна кампањата за различност на оскарите, # OscarsSoWhite (толку бели оскари), со едноставен, случаен твит.

„Би сакала да имам секси приказна… како на пример дека сум била во директорска канцеларија и дека сум размислувала за некои идеи и стратегии,“, рече таа во интервју за АФП.

„Но, не беше така. Бев дома, полу-облечена, да бидам многу искрена,“ се пошегува таа.

„Го зедов телефонот и напишав, # OscarsSoWhite тие побараа да ми ја допрат косата. Тоа беше тоа. “

Во рок од неколку часа, твитот, испратен од Вашингтон, каде што Рејн го следеше објавувањето на номинациите за „Оскар“ кога сфати дека сите 20 актери се со бела кожа, се прошири во целиот свет.

Пет години подоцна, фразата стана универзален јасен повик за поголема разновидност на доделувањето на „Оскарите“, и во Холивуд и во индустријата за забава воопшто.

Но, хаштагот повторно се појави на Твитер овој месец откако беа објавени имињара на кандидатите за „Оскар“ 2020.

Светските медиуми пишуваат дека Синтија Ериво е единствената црна актерка која заработи номинација за нејзината улога во филмот-биографија „Хариет“. Сите номинирани актери, односно номинации за најдобра главна или споредна машка улога, беа со бела кожа.

Медиумите наведуваат дека жените се присутни на филмот но состојбата е поинаква кога станува збор за режисери, продуценти и директори на студија –  највлијателна професија во филмската индустрија.

Треба да знаете
Последни објави