Ѓукановиќ ги нарекува моштите на Свети Василиј „коски“

Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, ги иритираше српските верници нарекувајќи ги моштите на Свети Василиј – „коски“, по што повеќе српски портали го нарекоа безбожник, а неговата терминологија ја оценија како врв на политичко лудило.

Ѓукановиќ, коментитрајќи ги зборовите на владиката Атанасиј Јевтиќ дека моштите на Свети Василиј, во случај на најавеното преземање на светилиштата, би можеле да бидат пренесени во Херцеговина, рече дека „ова мора да биде државно“, а моштите ги нарече коски, пренесува „Вечерње новости“.

„Пензионираниот епископ захумско-херцеговски Атанасиј, член на Епсикопскиот совет на СПЦ во Црна Гора, најави дека, ако не бидеме доволно послушни, ќе ги однесе коските на Свети Василиј Острошки во Херцеговина. Значи, за да не си играме со разноразни Атанасии, ова мора да биде државно“, рече Ѓукановиќ.

Треба да знаете
Последни објави