Search

Тинејџерка во БиХ загина на час по возење, камион го смрскал „голфот“ што го возела

Во страшна сообраќајка во Босна и Херцеговина кај Цазин загина18- годишната Амина Беширеваќ која возела часови за обука за возачка дозвола.

Амина само што матурирала и почнала да вози часови со автомобил „голф 6“ во сопствеништво на локална автошкола.

Несреќата се случила на опасна кривина, каде и претходно имало сообраќајни несреќи.

Освен полицијата и брзата помош, на местото на несреќата имало и пожарникари кои помагале при извлекување на телото на загинатата.

Во страшната несреќа полесно е повреден нејзиниот инструктор.

Треба да знаете
Последни објави