Search

Исмајловска Старова: „Бомбите“ да не бидат докази, туку индиции

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за предлог законот за Јавно обвинителство, а со кои ќе се бара „бомбите“ да не се користат како докази во судските постапки туку како индиции.

Ова го најави пратеничката Нола Исмајловска Старова вечерва во емисијата „24 Отворено“ на ТВ24.

-Се обидуваме да најдеме решение како не би биле злоупотребени во ниедна судска постапка овие нелегално стекнати материјали. Законот за СЈО беше од времен карактер, а тука е Законот за кривична постапка кој треба да се почитува. Мораме да се осигураме дека незаконските прислушувани материјали нема да бидат злоупотребени, изјави Исмајловска.

Таа исто така потврди дека амандмански ќе бараат и одложено дејство на законот за шест месеци, а ќе интервенираат и во начин на избор на ЈО за организиран криминал и корупција.

За донесување на Законот потребни се 80 гласа. Во групата независни пратеници е и пратеничката Елизабета Канческа Милевска, која како поранешн министерка за култура е обвинета во еден од случаите на СЈО.

Треба да знаете
Последни објави