Search

Ерлинг Халанд доби забрана да дава изјави

Норвешката тинејџерска сензација Ерлинг Халанд доби забрана од тамошната фудбалска федерација  да дава изјави.

Потегот е со цел да го заштитат и да му обезбедат што поголем мир во пресрет на натпреварот со Србија од Лигата на нации. Натпреварот со Србија од баражот за ЕП 2020 е кон крајот на идниот месец.

Халанд ќе има право да дава изјави само за ТВ 2, телевизиска куќа што ги откупи правата за пренос на натпреварите на норвешката фудбалска репрезентација.

Поранешниот напаѓач на Салцбург импресионира со своите настапи во дресот на Борусија каде замина за само 20 милиони евра. Во само три меча тој постигна дури седум голoви.

Треба да знаете
Последни објави