Ева Мендес ѝ одговори на девојката која ѝ напиша дека остарела

Актерката Ева Мендес, жена со егзотична и привлечна убавина, за разлика од многу нејзини колешки, не ја загрижува стареењето.

Ева (45) е посветена на одгледувањето две ќерки, кои ги доби со актерот Рајан Гослинг. Иако се повлече од светот на филмот, таа е многу активна на социјалните мрежи каде што често може да се види во природно издание.

Ева неодамна посвети пост на својата нова фризура, а покрај многуте воодушевени коментари, една девојка и ’напишала дека е стара.

Актерката не сакала да остане нејасна по овој коментар, па ѝ одговорила.

„Да, имаш право. Фала му на Бога што стареам. Тоа значи дека сè уште сум тука. Наскоро ќе наполнам 46 години и секој ден сум благодарна за стареењето. Дали вашиот коментар требаше да направи да се чувствувам лошо? Не. Направи да се чувствувам благодарно. Ти благодарам што ме потсети дека сè уште сум тука“, одговорила актерката.

Со ова, Ева уште еднаш докажа дека е на многу начини различна од нејзините колешки од светот на глумата.

Треба да знаете
Последни објави