Search

Град Скопје апелира: Воздржете се од непотребни излегувања, не паркирајте возила под дрвја

„Вечерва низ Скопје се очекува засилен ветер, дожд, а во раните утрински часови можна е појава и на снег. Ги повикуваме граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвјата. Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја“, објавија од Град Скопје на својата Фејсбук страница.

Треба да знаете
Последни објави