(Видео) Полициски борбени возила ги вознемируваат граѓаните на Подгорица

Колона на оклопни полициски возила утрово од Никшиќ пристигнала во Подгорица, што ги вознемирило граѓаните на главниот град во Црна Гора. Снимки од оклопните борбени возила на социјалните мрежи објави опозицискиот лидер Марко Милачиќ и притоа порачува дека слободата неможе да се уништи ни со нуклеарна бомба.

https://www.facebook.com/markomilacic1985/videos/577777676412635/?t=1

Деновиве во Црна Гора е тензично поради усвојувувањето на Законот за слобода на вероисповест, што ги извади граѓаните по улиците, а имаше и судири со полицијата.

Покрај овие вознемирувачки снимки, граѓаните од северниот дел на Црна Гора во близината на Плевље кон границата со Србија викендов пријавиле до медиумите дека се вршат и ископи на ровови, што само дополнително ги подграва и онака зовриените страсти во оваа земја.

 

 

Треба да знаете
Последни објави