Баша: Ќе има нови политички вести, приоритети, случувања

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила,Демократската партја(ПД) Љуљзим Баша најави дека „ќе има нови политички вести и случувања следните денови”.

Кусата изјава ја даде по средбата со американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким,која следуваше по средбата на Баша со делегацијата на Советот на Европа.

-Ден на политички случувања денес и оние што доаѓаат ќе бидат полни со полтички вести, приоритети, случувања. За едно ве уверувам дека сè што се прави се прави за да послужи за целта што на Демократската партија и опозицијата а тоа е да им се даде на Албанците пат на надеж и излез од кризата. Во таа смисла се чувствувам охрабрен од состаноците денес и ќе продолжам да бдете информирани,рече Баша по средбата со Ким.

Баша видно оптмистчки расположен рече дека овие состаноци имаат само една цел – да им дадат на Албанците пат на надеж.

Посебно,преку пост на Фејсбук ја коментираше средбата со Ким, нагласувајќи ја определбата на опозицијата за соработка со амбасадорката на САД „ наш стратешки сојузник и партнер”.

„Со амбасадорката споделив ставови за последните случувања во Албанија и дадов гаранција за целосна и сериозна посветеност на ПД за спроведување на реформите и решавање на политичката криза. САД ќе продолжат да бидат на страната на албанскиот народ, идентчно како низ целата историја на одличните односи меѓу нашите две земји,напиша Баша.

Треба да знаете
Последни објави