Search

Тетовец во пијана состојба ја нападнал сопругата, а потоа и синот со секира

Тетовец во алкохолизирана состојба во текот на вчерашниот ден физички ја нападнал најпрво сопругата, а кога синот се обидел да ја одбрани мајка си, таткото се нафрлил и на него, напаѓајќи го со секира.

Оваа семејна драма ја расчистува тетовскта полиција откако добила пријава за извршено насилство.

-На 01.02.2020 во 17.20 часот во СВР Тетово, неговата сопруга и нивниот син, и двајцата од Тетово, пријавиле семејно насилство од страна на Љ.Б. Според пријавеното, тој околу 15.15 часот дошол во семејниот дом во алкохолизирана состојба и физички ја нападнал сопругата, по што синот, во обид да го спречи својот татко, бил нападнат од Љ.Б. со секира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави