Search

Пиоли: Се надевам дека Ибрахимовиќ ќе се врати за дуелот со Интер

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Стефано Пиоли очекува за градското дерби со Интер во тимот да се врати искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот денешниот натпреварот од 22. коло во Серија А со Верона (1:1) го пропушти поради настинка.

– Се надевам дека Златан ќе се врати во тимот за дербито. Имаше мала повреда, а потоа настинка. Шансите тој да игра со Интер се големи, соопшти Пиоли.

За дебито на Даниел Малдини, Пиоли вели дека Милан има во своите редови голем талент.

– Ова е способен човек, тој има талент, но само талентот не е доволен. Се надевам дека ќе продолжи со многу работа, истакна Пиоли.

Милан по 22 кола е на 8.место во Серија А со 32 бода.

Треба да знаете
Последни објави