Search

Лукаку не дозволи Јувентус да му „избега” на Интер

Напаѓачот Ромелу Лукаку беше двоен стрелец за Интер вечерва на гостувањето кај Удинезе за триумф од 2:0 во италјанскиот фудбалски шампионат. Белгискиот интеранционалец двата гола ги постигна во второто полувреме.

Дваесет и шестгодишниот Белгиец постигна осум голови на последните осум натпревари за Интер и стигна до 16 гола на 22 натпревари во италијанскиот шампионат за трето место на листата на стрелците. Поефикасни од Лукаку се напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 19 и Чиро Имобиле од Лацио со 25 гола.

Интер со новите три бода му се доближи на лидерот Јувентус на три негатива. Сега „неро-азурите” имаат 51 бод, Јувентус е прв со 54.

Треба да знаете
Последни објави