Search

Италијански научници го изолираа коронавирусот

Италијански научници од Националниот институт за заразни болести го изолираа коронавирусот кој рапидно се шири, објавија италијанските медиуми кога беше потврдено дека со него се заразени повеќе од 14.000 луѓе во повеќе од дваесет земји.

Се работи за меѓународно значајна вест. Со ова се создаваат повеќе можности за разбирање и проучување на вирусот за да се спречи неговото ширење“, рече италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза.

Институтот во Рим ќе ги стави тие резултати на располагање на другите земји за истражувањето да може да продолжи. Експертите во светот веќе се во трка да развијат вакцина.

Со изолирање на вирусот, научниците во Рим добиле чист примерок од заразено лице наместо да го развиваат во лабораторија.

Научниците од институтот во Рим исто така испитуваат и неколку случаи за кои се сомневаат дека се работи за коронавируси. Два случаи веќе се потврдени во Италија, станува збор за кинески туристи кои се заразиле во својата татковина.

Научниците рекоа дека биле во можност да го изолираат вирусот во рок од 48 часа по неговото дијагностицирање, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Пред неколку дена, австралиските научници беа во можност да развијат коронавирус во лабораторија.

Треба да знаете
Последни објави