Search

Гвардиола 45 минути ги оставил играчите на Манчестер сити заклучени во соблекувалната по поразот од Тотенхем

Трофејниот шпански фудбалски стратег Пеп Гвардиола својот бес по поразот на Манчестер сити од Тотенхем (2.0) го истурил на своите играчи кои ги заклучил во соблекувалната на стадионот и ги држел затворени 45 минути ! Актуелниот шампион Манчестер сити доминираше на теренот против Тотенхем. На негова страна се статистичките податоци, посед на топката од 67% и дури 18 удари кон противничкиот гол, наспроти само трите на Тотенхем кој на крајот двапати ја погоди целта.

„Граѓаните“ на денешното дерби ниту еднаш не ја затресоа мрежата на Љорис, притоа промашија и еден пенал. Ова беше причина трофејниот Гвардиола да делува фрустрирано. Тоа го почувствуваа фудбалерите на Сити, кои останаа заклучени во соблекувалната од стадионот во Тотенхем. Лекциите од Гвардиола траеле 45 минути, но на сите им е јасно дека трката за титулата е загубена бидејќи Сити заостанува 22 бода зад лидерот Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави