Search

(Видео) Десетици илјади луѓе на собир во Подгорица

Во главниот град на Црна Гора пеш стигнаа припадници на стари црногорски племиња Кучи, Мерниќи, Бјелопавлиќи, Братоножиќи и останати, јави „Б92“.

По неколку часа пешачење, некои и по 50 километри, тие пристигнаа пред Храмот на Христовото воскресение, а „Спутник“ пренесува дека е ова најголем собир досега во Подгорица и дека на него има околу 60.000 луѓе.

„Атмосферата е убава. Многубројни литии тргнаа уште синоќа, некои утринава и во текот на денот, од разни краеви на Црна Гора. Соборени се рекорди во должината на литиите, а ќе биде урнат и рекордот за масовност. Црна Гора на најубав начин ја брани својата вера прадедовска“, изјавил за „Б92“ аналитичарот Лука Радоњиќ.

https://www.facebook.com/vijesti.me/videos/229837731353836/?t=8

Отец Предраг Шќепановиќ рекол дека пред Соборниот храм во Подгорица пристигнале десетици илјади луѓе.

„А некои велат дека Стара Црна Гора спие“, рекол тој.

Собирот е во знак на протест за Законот за слобода на вероисповед кој беше усвоен пред месец и половина.

Според законот, државата станува сопственик на сите верски објекти кои се изградени до декември 1918 година, кога Црна Гора стана дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, доколку верските заедници не докажат сопственост. Дел од опозицијата и претставници на Српската православна црква сметаат дека законот е неуставен и бараа да се повлече.

Законот предвидува и поширок увид на државата во финансиите на религиските заедници.

Усвојувањето на законот предизвика протести низ Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави