Тројца грчки државјани во карантин во кинеската провинција Хубеј

– Тројца грчки државјани се наоѓаат во карантин во кинеската провинција Хубеј, на околу 330 километри од градот Вухан каде што се појави коронавирусот, а властите во Грција бараат начин колку е можно побргу да се вратат назад, објавија грчките медиуми.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека тројцата Грци се во добра здравствена состојба и се во континуирана комуникација со амбасадата на Грција во Пекинг, а грчкото МНР е во координација со европските власти за нивно враќање, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, станува збор за еден Грк кој е постојан жител на Кина и за други двајца кои биле на службено патување.

Треба да знаете
Последни објави