Search

СЗО: Безбедно е да се примаат писма и пакети од Кина

Луѓето кои примаат пакети и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза со новиот коронавирус, кој предизвикува воспаление на белите дробови, соопшти денеска Светската здравствена организација.

„Да, безбедно е“ објави СЗО на својот Твитер профил, како одговор на прашање.

„Луѓето кои примаат пакети од Кина не се изложени на ризик да заболат од вирусот. На основа на претходните анализи знаеме дека коронавирусот не преживува долго на предмети, како што се писмата или пакетите“ наведува СЗО.

Треба да знаете
Последни објави