Search

ЕУ повика „Ајфон“ и „Андроид“ телефоните да користат ист полнач

ЕУ пратениците со големо мнозинство во четвртокот повикаа да се воспостави заеднички полнач за сите производители на мобилни уреди ширум Европа, со цел да се намали отпадот од каблите.

Tие изгласаа резолуцијата со која се повикува Европската комисија да подготви закон со кој ќе обезбеди можност за потрошувачите во ЕУ повеќе да не купуваат различни полначи со секој нов уред.

Електронскиот отпад, се вели во резолуцијата, е околу 16,6 килограми по жител на ЕУ во 2016 година, односно вкупно 12,3 милиони тони, што е непотребно голема количина.

Ваквиот заеднички полнач најмногу би влијаел на „Епл“, бидејќи „Ајфон“ телефоните и повеќето нејзини производи се напојуваат преку т.н. „Lightning“ кабел, додека уредите на „Андроид“ се напојуваат со USB-C конектори.

Европската комисија повеќе од една деценија врши притисок за заеднички полнач за мобилните уреди.

Треба да знаете
Последни објави