Search

Борба со коронавирусот: Кинезите со дронови ги ловат „непослушниците“ без маски

На сила е глобална закана за коронавирусот, а кинеските власти прават се што е можно за да спречат ширење на истата.

Така тие почнаа да користат дронови за да ги следат луѓето и да ги враќаат во своите домови, ако не носат маски. Беспилотното летало ги следи сите оние што не ги почитуваат наредбите, а кога ќе ги забележат, добиваат предупредувачка порака од звучниците.

-Ова ти го кажува дронот. Не треба да шетате без маска. Подобро да си одите дома и не заборавајте да ги миете рацете, и беше кажано на една старица во видеото објавено од кинескиот Глобал Тајмс.

Во друго видео дронот забележал човек што работи надвор. Пораката веднаш следеше: „Не се смејте. Сега подгответе се и одете дома веднаш“.

Треба да знаете
Последни објави