Search

„Американ ерлајнс” и „Делта” прекинуваат летови кон Кина поради новиот коронавирус

– Американските авиокомпании Делта ерлајнс и Американ ерлајнс, одлучија денеска привремено да ги прекинат сите летови од САД кон Кина.

„Последниот лет за Кина од САД ќе биде в понеделник, 3 февруари, а последниот од Кина на 5 февруари”, соопшти компанијата Делта Ерлајнс. Тие прекинуваат летови до 30 април. Американ ерлајнс прекинува со летови за Кина  до 27 март.

Стејт департментот денеска издаде препорака до американските граѓани да не патуваат во Кина поради можна зараза со новиот тип на коронавирус.

Полската компанија Лот ги прекина летовите до Пекинг до 9 февруари.

Германскиот „Луфтханза” објави претходно оваа недела дека ги прекинува летовите од и кон Кина до 9 февруари.

Сите руски компании, со исклучок на националната компанија Аерофлот, ќе престанат да летаат привремено за Кина.

Израелските власти сооштија дека нема да дозволат слетување на авиони од Кина на нивните аеродроми.

Треба да знаете
Последни објави