СИРИЗА: Ќе се спротивставиме на политиката на Орбан и Салвини што сака да ја спроведе владата во бегалското прашање

Владата продолжува да инсистира на политика на активно и пасивно спречување на бегалците. Веќе е јасно дека хуманоста, правата на бегалците и локалните заедници, но и било каква ефикасност се многу далеку од нивната политика, пишуваат 64 пратеници од опозициската СИРИЗА во пратеничкото прашање до Министерството за миграција и азил на Грција во врска со владината политика во бегалскиот/ мигрантскиот проблем, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците, бараат одговори на неколку прашања, меѓу кои и дали ќе се имплементира планот за намалување на бројот на бегалци и мигранти на островите и нивно префрлање во други делови на земјата; дали ќе продолжат со спроведување на Националната стратеигија за интеграција на вегалците што ја започна претходната влада, што значи и школување на децата бегалци; дали ќе им се обезбеди пристап до здравствените служби на оние кои бараат меѓународна заштита.

Паралелно тројца пратеници од СИРИЗА, кои што се надлежни за миграциска политика, поморство и одбрана, излегоа со заедничката изјава во врска со информациите дека владата ќе користи пловен заштитен систем за намалување на бегалските и мигрантските бранови.

Велат дека тие и во Парламентот и вон него ќе се спротивстават на „политиката на Орбан и Салвини што сака да ја спроведе владата на Мицотакис”.

-Повикот за набавка на пловна брана за наводно да се „спречи” влегувањето на бегалците во земјата преку море е чин на срам што ја навредува хуманоста и чувството на солидарност на нашиот народ и ги крши европските и меѓународните стандарди, велат тројцата пратеници од СИРИЗА.

Тие додаваат дека ваквите пловни брани, го покренува прашањето и за безбедноста на поморскиот сообраќај и може да предизвика несреќи и непредвидливи последици за сите видови на бродови и чамци.

Треба да знаете
Последни објави