Интер противник на Наполи во полуфиналето на Купот на Италија

Во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Интер ја совлада Фиорентина со 2:1 и се избори за полуфинале со Наполи.

Миланскиот клуб до победата дојде со головите на Кандрева и Барела, додека за Фиорентина погоди Касерес.

Првиот натпревар од полуфиналната пресметка ќе се одржи на 12 февруари во Неапол, реваншот е 4 март во Милано.

Во другото полуфинале се среќаваат Милан и Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави