Судот отвори стечај над 1ТВ

Основниот суд Скопје 2 отвори стечајна постапка за веќе згаснатата телевизија 1 ТВ, чиј неформален сопственик беше обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. За стечаен управик е назначен Ацо Петровски, кој го водеше стечајот за А1 телевизија, објави „Сведок“.

На денешното рочиште во судот, досегашниот привремен стечаен управник Ацо Петров, кој направил извештај за финансиското работење во 1ТВ рече дека е видна неликвидноста, жиро сметката е блокирана повеќе од 45 дена, неспособна е за плаќање и поради тоа се исполнети условите за отворање на стечај.

Стечајот ќе го води судијката Ирена Антовска Петрушевска.

Треба да знаете
Последни објави