Путин пред посетата на Нетанјаху помилува Еврејка осудена поради дрога

Русија ослободи американско-израелска државјанка, затворена поради поседување дрога, откако претседателот Владимир Путин ја помилува, објави новинската агенција РИА.

Ослободувањето на Наме Јишакар се случува непосредно пред денешната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Русија. Нетанјаху доаѓа од Вашингтон, за да му пренесе на Путин детали од блискоисточниот мировен план на Трамп.

Израел ја повика Русија да ја ослободи Јишакар, која е родена во Њу Џерси, а нејзиното семејство казната ја опишало како несоодветна. Таа била осудена на седум години затвор, откако руската полиција на аеродромот во Москва во нејзината торба пронашла 9 грама канабис, на рута од Индија кон Израел.

Нетанјаху ја поздрави одлуката на Путин за помилување на 26-годишната девојка и рекол дека денеска ќе се сретне со неа.

Треба да знаете
Последни објави