И Виетнам запира со издавање визи на Кинези

Виетнам ќе запре со издавање визи на кинески туристи, соопшти денеска виетнамската Влада, откако во таа земја беа регистрирани три нови случаи на коронавирус.

“Епидемијата брзо се шири, на сериозен начин”, се наведува во соопштението на Владата.

Претходно и Русија соопшти дека привремено ќе запре со издавање визи за кинески државјани поради ширењето на новиот коронавирус.

Бројот на починати од последиците на коронавирусот во Кина денеска се зголеми за 38 и сега смртниот биланс изнесува 170. Истовремено, до синоќа, бројот на заболени достигна 7.711. Сомнителни се уште 12.168 лица.

Треба да знаете
Последни објави