Боки му напиша писмо на Јовески, бара да го прими за да ја пријави Рускоска

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски- Боки 13 на денешното рочиште поднесе писмо до судијката Васка Николовска Масевска со кое бара да изведен пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

-Барам да бидам изведен пред републичкиот обвинител. Се работи за наводите за кривичните пријави што ги најавив вчера во врска со корупција тешка 4 милиони евра, а во кои се вмешани 18 лица вкуително и обвинителката Вилма Рускоска, рече Јовановски предавајќи го на судијката на рака напишаното писмо.

Боки 13 претходно во текотна рочиштето се пожали дека не му е добро и дека му треба операција, на што судијката му одговори дека операцијата му е закажана на 4 февруари. Катица Јанева, исто така, се пожали на проблеми со здравјето по што судијката го прекина денешното рочиште.

Претходно беа прикажани фотографии како дел од доказниот материјал. На нив е прикажан домот, влезот на Јовановски, сите простории посебно и сите предмети кои се одземени при претресот на неговиот дом. На фотографиите можеа да се видат парчиња гардероба, обувки, „аксесорис“ (наочари, шапки, ташни, ланчиња, прстени, брошеви), уметнички слики, скап мебел, теписи, лустери…

Јовановски побара гардеробата да му биде донесена оти е преседан што бил оставен без облека.

Според доказите, од Јанева била одземена кожна торба „Луј Витон“.

Треба да знаете
Последни објави